За нешто повеќе од две години Владата и исплати околу 2.000.000 евра на општина Арачиново во форма на неповратни средства за решавање на комунални проблеми.

Како што пишува порталот Прес 24, Владата во декември 2020 година ѝ даде неповратна еднократна помош од половина милион евра на оваа општина за справување со тешкотиите во работењето настанати поради ковид-кризата. Една година подоцна, Арачиново доби уште половина милион евра од буџетот за реконструкција на патната инфраструктура а минатиот месец на сметката во општината легнаа уште 1,1 милион евра за санација на одводен канал.

Донациите кои Владата и ги дава на оваа општина која воопшто не собира пари од данок на имот а неодамна излезе и информација дека има големи кражби на струја, доаѓаат во време кога централната власт вели дека нема да има помогне на општините со средства за да си ги платат сметките за струја.

Организирањето во смисла на трошоците за загревање на училиштата, дополни владиниот портпарол Душко Арсовски, е во рамки на надлежностите на општините односно на локалната самоуправа и за тоа од Министерството за образование и наука се исплаќаат дотации до општините. Важно е да се каже дека тие се одговорни и во интерес на учениците е физичко присуство на наставата – изјави владиниот портпарол Арсовски.

Извор: Прес 24