Премиерлигашот Челзи е заинтересиран за играчот за врска на Јувентус, Федерико Киеза.
Лондонскиот клуб контактираше со Јуве и понуди 100 милиони евра како почетна сума за трансферот на Киеза.
Јувентус одби да преговара за трансфер на 23-годишниот Италијанец во Челзи, пишува новинарот на „Спорт Билд“, Кристијан Фолк.
Киеза одигра брилијантно на Европското првенство, кое го освои репрезентацијата на Италија, и влезе во идеалниот тим на турнирот според верзијата на УЕФА. Тој постигна два гола на Евро 2020.
Минатата сезона, играчот за врска играше 33 натпревари во Серија А, постигна девет голови и направи девет асистенции.