Новиот фудбалер на ПСЖ, Серхио Рамос го советуваше својот тимски колега Килијан Мбапе да се приклучи на Реал Мадрид.

– Секако дека тој треба да оди во Реал Мадрид, кој е еден од најдобрите клубови во светот. Ми се чини дека сите одлични играчи треба да поминат низ овој тим. Сепак, сега сакам Килијан да игра за мојот тим. Сакам да победувам и сакам најдобрите да бидат со мене, го цитира Рамос „АС“.

Рамос се приклучи на ПСЖ на 8 јули како слободен агент. Пред тоа, 35-годишниот Шпанец играше за Реал Мадрид 16 години.

Претходно, повеќепати беше објавувано за интересот на Реал за 22-годишниот Мбапе. Порталот Transfermarkt.com го проценува Французинот на 160 милиони евра.