Претседателот на Комитетот за судии на УЕФА, Роберто Розети, зборуваше за спорниот момент при досудениот пенал за Рахим Стерлинг во полуфиналето на ЕВРО 2020 меѓу Англија и Данска (2:1 продолженија).

– Можеме да разговараме за овој момент затоа што сме апсолутно отворени. Но, пеналот беше досуден правилно. Судијата го виде контактот, а системот на видео асистент на судијата само ја потврди неговата одлука. Дефанзивецот на Данска не ја допре топката, но имаше чист контакт со напаѓачот, истакна Розети.

Натпреварот помеѓу Англија и Данска го судеше судиска екипа предводена од Дени Макели.