Дебитантот во француската Лига 2, Шамбли на шега му предложи на напаѓачот на ПСЖ Нејмар да оди во нивниот тим.

На полноќ во повеќето европски првенства се затвори трансфер-прозорецот, а непосредно пред крајот на преодниот рок во Франција, Шамбли објави твит: 22:30 часот. Сега или никогаш, Нејмар!“

Ова лето, најскапиот фудбалер на светот беше цел на Реал Мадрид и Барселона. Сепак, ПСЖ ги одби сите понуди за Бразилецот, а тој веројатно останува во Париз барем до јануари.