Активниот вулкан во Мексико, Попокатепетел синоќа исфрли пепел и чад во воздух на повеќе од километар над кратерот.

Експлозијата издигнала пепел на 1,2 км висина од кратерот. Властите објавија жолт код за опасност со молба до жителите на 12 км во радиус од вулканот да бидат подготвени за евакуација.

Тие предупредија дека пепелта ќе се распрсне врз североисточниот реон Пуебла. Активноста на вулканот е засилена во изминатите неколку недели.

Властите во очекување на најлошо сценарио, изготвија операциски план за брза евакуација, јавија мексикански медиуми. Врвот на вулканот е на 5.426метра, и на само 70 км од главниот град Мексико Сити.