Дали истово го јадеше и премиерот Димитар Ковачевски што денеска е на мени за појадок во Студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје, прашува Сергеј Попов кој објавува фотографија од денешниот појадок.
– Појадокот утрово во студентски дом Гоце Делчев. Дали истово го јадеше и премиерот кога му го организираа циркузот наречен: „Премиерот руча со студентите“?- објави Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, на својот профил на Фејсбук.
Неодамна, како што објавивме, Ковачевски дојде на ручек со студентите во истиот студентски дом, откако претходно се сликаше со ќебапчиња во Гостивар, мортадела во РЕК Битола, тост-сендвич на Широк Сокак итн.
(Д. Г.)