Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски, Новата година ја дочекаа со работниците во РЕК Битола.

Ковачевски и Матевски им ја честитаа Новата година и им се заблагодарија на вработените што секојдневно го даваат својот придонес во справувањето со енергетската криза во земјава (чие име е Македонија, з.н.).

Како што соопштуваат, повеќе јаглен, повеќе струја, подобри резултати се цели и на работниците и на менаџментот на АД ЕСМ и РЕК Битола.

– Вработените велат дека не паметат кога последен пат во минатото директори на АД ЕСМ и на РЕК Битола ја поминале новогодишната ноќ заедно со нив. Ги споделија со менаџментот желбите за добро здравје во новата година и успех во работата. Повеќе јаглен, повеќе струја, подобри резултати се цели и на работниците и на менаџментот на АД ЕСМ и РЕК Битола, информираат од ЕСМ.

Сега, по оваа вест, веројатно полесно ќе им биде на граѓаните на Македонија од поскапувањето на струјата. Ако во РЕК Битола прославуваше и премиерот во оставка Зоран Заев, можеби ќе им беше уште полесно на граѓаните на Македонија поради поскапувањата на струјата, како и на парното греење.