Владата донесе одлука во рок од 10 дена 4.000 диви свињи да бидат застрелани, а заклани околу 18.000 домашно одгледувани. Вакви радикални мерки презема Владата, како што е соопштено, со цел заштита од африканската чума која се појави во Бугарија и во Србија.
Болеста не се пренесува кај луѓето
Ловците ќе добиваат награда од 1.000 денари за секоја застрелана дива свиња, а иим останува за нив и месото од застреланите свињи. Ловните друштва имаат рок од 10 дена да истребат половина од свињите кои биле планирани за отстрел годинава.
Како што соопшти вицепремиерот Кочо Анѓушев, ако ловците не успеат, на помош против дивите свињи ќе биде ангажирана и војската на АРМ.