Дел од корисниците на улиците „Дебарца“ и „Ѓуро Ѓаковиќ“ денеска ќе останат без вода.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинатото водоснабдување е поради дефект на затварач ф-80м.м.на булевар „Партизански Одреди“ 18.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:30 часот до завршување на дефектот.