Во последните денови акциите на Јувентус губат на вредност и тоа поради скандлот во кој е вмешан Кристијано Роналдо. Португалецот е обвинет за силување на Американката Кетрин Мајорага во Лас Вегас во 2009 година.
Според италијанските медиуми, акциите на Јувентус на берзата доживеале пад од 5,4 отсто. Во последните три недели акциите на Јувентус паднале за вкупно 25 отсто.
Клубот вчера му изрази подршка на Роналдо по обвинувањата, но главните спонзори на фудбалерот како Најк и ЕА Спортс, се дистанцираа. Тие ќе почекаат на повеќе информации од истрагата па тогаш ќе излезат со официјално соопштение.