Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач изјави дека неговиот тим поминува низ една вообичаена фаза и дека во јавноста се предимензионираат тензиите кои ги има во клубот.

– Не барам изговори, но и други клубови поминувале низ вакви фази. Во моментов е значајно само колку ќе трае тоа. Во Баерн секогаш постои притисок, бидејќи мора да се победува. Притисокот може да се гледа и како предизвик, а играчите ќе мора повеќе да се ангажираат за да постигнат успех, истакна Ковач.

Германските медиуми објавија дека по три натпревари без победа ситуацијата во Баерн Минхен е тензична, а во клубот се зголемува сомнежот кон тренерот.

Наводно дел од играчите отворено искажале револт, а Хамес Родригез најавил дека посакува да си замине од клубот.

– Лошата атмосфера во тимот е внесена од надвор. Сите играчи сакаат да играат, но ако еден игра, другиот е разочаран и тоа е нормално. Сепак нема такви драматични превирања. Сите сме разочарани, но мора да се соочиме со реалноста, истакна тренерот.

Претходно и претседателот на Баерн, Ули Хенес, јавно го предупреди Ковач дека мора да почне да победува