Селекторот на репрезентацијата на Македонија за играчи до 21 година, Добринко Илиевски го објави списокот од 20 фудбалери за претстојните натпревари со Русија (12. октомври) и Гибралтар (16. октомври) од квалификациите за ЕП 2019 година.

Меѓу имињата не се Фазлагиќ и Чурлинов кои ќе бидат со Националниот тим до 19 години во квалификациите за ЕП. Нови фудбалери на списокот се Агрон Руфати, Оливер Стојменовски, Кристијан Трајчевски, Кристијан Трапановски и Енур Тотре.
– Русија има квалитетен состав и ќе игра пред својата публика, додека со Гибралтар сме пред императив да победиме. Јас се надевам дека ќе им вратиме на Гибралтар по оној пораз не негов терен, но одиме чекор по чекор. Прво Русија, па потоа ќе мислиме на Гибралтар, истакна селекторот Илиевски