На аеродромот во Минхен се откажани  околу 90 летови поради силни снежни врнежи кои зафатија делови од централна Европа, соопшти Управата на аеродромот.

Минхенскиот аеродром е втор по големина во Германија, по аеродромот во Франкфурт.

Утрово во јужните делови на Германија, Австрија и Швајцарија се забележани нови снежни покривки.