Патниот правец од мотел „Дреново“ до Росоман денеска од 9:20 часот е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа.
Сообраќајот, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, се одвива преку Кавадарци.
Причина за пренасочувањето е извлекување на товарното возило од синоќешната сообраќајка, што се сличи на патот Градско – Прилеп кај мотел Дреново, информираат од СВР Велес.
Возилата се пренасочуваат да се движат кон Прилеп преку Кавадарци.
Сообраќајката се случи вчера кога унгарски шлепер излета од патот и се преврте. Возачот поминал со полесни повреди.