Поранешниот претседател на Аргентина, Маурисио Макри е обвинет дека им наредил на тајните служби да ги шпионираат роднините на 44 морнари кои загинаа при потонување на подморницата „Ара Сан Хуан“ во 2017 година.
Судијата Марин Бава изјави дека Макри ги прекршил аргентинските закони за разузнавање барајќи досиеја за семејствата на жртвите, кои ја обвинуваат морнарицата за небрежност.
Макри, кој беше претседател од 2015 до 2019 година, а сега е лидер на опозицијата, изјави дека обвинувањата се политички мотивирани.
Роднините на жртвите тврдат дека ги следеле, ги заплашувале и им ги прислушувале телефоните, откако ја обвинија аргентинската морнарица за негрижа во одржувањето на подморницата „Ара Сан Хуан“.
Подморницата се враќала од рутинска мисија кога исчезна на 430 километри од аргентинскиот брег во јужниот дел на Атлантскиот Океан на 15 ноември 2017 година. Остатоци од неа беа пронајдени една година подоцна на брегот на Патагонија, а се претпоставува дека потона поради технички дефект.