Тежок домашен пораз на кошаркарската репрезентација на Македонија од Кипар во Скопје – 75:85, во Ф групата, во претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година.
Иако Македонија беше фаворит во овој натпревар, на теренот тоа не го покажа во ниту еден момент.
Голема борба се водеше на теренот, а Кипар клучната разлика ја направи во завршните 5 минути од мечот.
Димитријевиќ со 30 поени беше далеку најдобар во редовите на Македонија. Ѓуроски имаше 11 поени, а Рајт на дебито пред македонската публика имаше само три поени и шест скока.
Тигкас го предводеше Кипар до победата со 25 поени, 11 постигна Пашиалис, а 10 Павлидис.




