Папата Франциск, на последниот ден од неговата посета на Ирак, денеска пристигна во ирачкиот град Мосул, каде ќе се моли во разурнатите цркиви, уништени од терористичката група Исламска држава и ќе одржи миса на отворено.

Ватикан се надева дека посетата на папата Франциск ќе ги охрабри христијаните да остан во Ирак и покрај повеќедецинските судири и нестабилност.

Папата од Ирак испрати порака за меѓуверска толеранција. Тој вчера оствари историска средба со ајатолах на шиитските муслимани , Али ал Систани.

Мосул е многу оштетен град за време на судирите со ИД, а поглаварот на Римокатоличката црква ќе се помоли и за сите жртви од војната во Ирак.