Владата на Алексис Ципрас вечерва го преживеа гласањето за доверба.
По дводневна бурна и жестока дебата, во која се отворија старите поделби меѓу партиите, се зборуваше за предавство и за патриотизам, на крај гласаа 280 пратеници – предлогот на Нова демократија да се гласа за доверба беше отфрлен со 153 гласа, додека 127 пратеници гласаа со „за“.
Медиумите издвојуваат дека Димитрис Каменос од Анел (партијата на министерот Каменос) и Спирос Данелис од Потами го поддржале предлогот на Нова демократија.
Ако сега се гледа распоредот на силите, на Ципрас ќе му требаат многу маневрирања за да обезбеди парламентарно мнозинство кое ќе го поддржи договорот за името кој утре ќе се поптишува во Псарадес/Нивици.