На почетокот на месец септември, по подолготрајни преговори со раководството на ВМРО-ДПМНЕ постигнавме конечен договор со кој ние штедачите ќе бидеме обесштетни кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја превземе извршната и законодавната власт, а тоа би требало да се случи наскоро. Што значи, голготата на штедачите на ТАТ ќе ја нема повеќе, велат штедачите од штедилниците ТАТ.

-Заедно со ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ го постигнавме договорот кој долго време го чекавме. Во 2002 година ВМРО-ДПМНЕ кога беше на власт донесе Закон за обесштетување на штедачите со конвертибилни сертификати, но 2003 година СДСМ го суспендира тој Закон, практично по втор пат бевме опљачкани, украдени од таа партија. Затоа Ве повикувам да го дадете својот глас на локалните избори, а и идните парламентарни за ВМРО-ДПМНЕ, партијата која два пати ни излезе во пресрет и сме убедени дека ова ќе биде крајот на голготата ТАТ.