Божиќните песни и празничната атмосфера доаѓаат секоја година се порано, а со нив и празничната музика која многумина ја сакаат, но ако трае долго и речиси континуирано, може да има многу лошо влијание врз менталното здравје на поединецот, предупредуваат научници.
Во западните земји, подготовките за Божиќ започнуваат од средината на октомври, што значи дека тие се веќе во продавниците, како и украсите за новогодишната елка. Наскоро радиостаниците ќе почнат да ги емитуваат Божиќните песни.
Божикната музика луѓето ја сакаат или мразат. Таа првично ги развеселува, будејќи убави сеќавања, но со тек на времето, песните стануваат досадни, а некои луѓе се вознемируваат. Сето ова може да има лошо влијание врз менталното здравје, предупредуваат научниците.
Клиничкиот психолог Линда Блер вели дека постојаната изложеност на истите песни на Божиќната еуфорија, особено кога станува збор за трговците во трговските центри, може да биде исцрпувачки и да има лоши последици врз нивното ментално здравје.
Вработените во трговските центри, меѓу другото, се жалат и на концентрација. Тие едноставно трошат премногу енергија, обидувајќи се да не слушнат што слушаат, и тоа ги исцрпува што на крај резултира со лошо влијание врз здравјето, смета Блер.Отпрвин, празничната музика ги буди носталгичните чувства, но откако ќе слушнете албум за Божиќ, како што е Мајкл Бабл, десет или дваесет пати, ќе ви биде здодевно, а врз некои од нив на крај ќе дејствува вознемирувачки.