Над 128 луѓе се водат како исчезнати по вчерашното потонување на траект во езерото Тоба во Индонезија.

Траектот пловел по многу лоши временски услови.

– Голем број од луѓето пријавија дека исчезнале нивните роднини, потребно е време да стигнеме до жртвите, изјави претставник на индонезиската Служба за спасување.

Претходно властите соопштија дека на фериботот имало најмалку 80 луѓе, при што едно лице загинало, а 18 се спасени.

Езерото Тоба е популарна туристичка дестинација во северниот дел на иноднезискиот остров Суматра.