Опозициската соработка на Билал Касами со Изет Меџити и Африм Гаши ја подели Беса. Заменик претседателот на партијата јавно порача дека се оградува од опозицискиот блок. Според информациите на ТВ 24, на ист став со Хоџа е и пратеникот Бастри Бајрами, што би значело дека Касами во Собранието останува со еден пратеник.

– Од денеска целосно се оградувам од политичките дејствија во таканаречениот „опозициски блок“ со оглед на тоа што главните актери, носители на оваа иницијатива не имаат за цел политичка ротација, туку едноставно „перење“ на политички фигури кои не далеку од денес беа актери за одржување на актуелната власт во живот и ја спречија ротацијата во албанскиот политички табор. За детали за политичките убедувања и луѓето кои го делат истото политичко мислење со мене, ќе ве известиме преку прес конференција во текот на оваа недела – напиша Хоџа на фејсбук.