Потпретседателот на Е. Пелистер, Бојан Стерјев, со остри пораки на социјалните мрежи реагираше по поразот на битолчани од Алкалоид со 30-28 во дербито од 11. коло во македонската Суперлига.
Стерјев упати критики кон играчите и тренерскиот штаб.
„Се обезбедено, за вака да ни вратите! Срам да ви е на сите играчи и тренери! Фала што нè избрукавте!“, напиша потпретседателот на Пелистер.
Поразот во Автокоманда очигледно предизвика сериозно незадоволство во таборот на Пелистер, кој по 11 кола падна на четвртото место на табелата со 17 бодови.




