Меѓународен тим научници објавија дека откриле средство што ги разградува молекулите на ХИВ вирусот и ги прават неактивни.

Стручни лица од Русија, Финска, Швајцарија, Велика Британија и САД. Откритието настанало случајно, откако е откриен механизам којшто го неутрализира молекулот на вирусот причинител на имунитетски недостаток кај човекот (ХИВ).

Во трудот на Јужноуралскиот државен универзитет се нагласува дека значењето на ова откритие е тоа дека исти лекарства можат да се користат за повеќе различни видови заболувања.

– Новооткриениот механизам се состои од повеќе соединенија коишто можат да се користат за лекување повеќе заболувања, меѓу кои и рак и ХИВ, истакнува проф. Олег Ракитин, кој е дел од научниот тим.

– Тие соединенија го олеснуваат отстранувањето на атомите на цинк од молекулот на ХИВ, што го прави неактивен. Од самиот почеток сметавме дека ефектот на овие соединенија против ракот е нашиот приоритет. Но веднаш се покажа дека тие соединенија покажуваат висока и селективна активност против вирусот на имунитетски недостаток, додава Ракитин.

Тој додава дека испитувањата ќе продолжат, за да се утврди какви други заболувања можат да бидат третирани и лекувани.

Според официјални податоци, денес 37,9 милиони лица во светот живеат со ХИВ, при што само во 2018., 1,7 милиони луѓе се новозаразени. Луѓето кои го имаат вирусот во себе, просечно живеат меѓу девет и 11 години по заразувањето.

Организацијата за борба против СИДА при Обединетите Нации – УНАИДС се стреми да ја искорени оваа болест до 2030 година.