Иако главниот бран од годишните одмори почнува во јули, голем број граѓани веќе патуваат кон туристичките дестинации, најмногу кон соседна Грција.

За тие што патуваат со сопствен превоз, потсетување на некои од сообраќајните прописи кои се казнуваат во другите земји:

Во Грција внимавајте ако направите сообраќаен пpeкршок и не ја платите кaзната, може да не ве пуштат да ја напуштите земјата, бидејќи системот за казни е вмрежен на граничните премини. Се казнува од зборување на мобилен додека возите, неврзан појас, фрлање цигара од прозор, како и за возење на лентата која служи за застанување.

Погрешното паркирње се казнува од 40 до 80 евра, пречекорувањето на брзината од 40 до 750 евра, а возењето во влечки се казнува со 50 евра. Затоа пред границата со Грција, ако возите со влечки во автопатот „Пријателство“ или преку друг граничен премин, собујте ги влечките и обујте патики или други обувки.

Внимавајте и на вашиот автомобил кога ќе стигнете на вашата дестинација.

Грчките власти преземаат мерки за кражбите на автомобили, кои во последно време се зачестени во јужниот дел. Крадците, како што е објаснето, користат специјална техника и го копираат сигналот на далечинското на клучот.

– Паркирајте ја колата на заштитени и безбедни места, предупредува грчката полиција за заштита од кражби на автомобили или делови од нив.

Од полицијата, неодамна, објаснија дека често украдените автомобили се продаваат за резервни делови, а се почесто се вадат и на лице место ако не успее крадецот да влезе и да ја стартува колата. Причината е, бидејќи резервните делови се продаваат полесно и на половина цена.

Според податоците на полицијата во обидите учествуваат по две групи – заштитни и технички. Од разговорите на заробени автомобили авто полиција утврдила дека во повеќето случаи, кражбите се по порачка од клиенти на автосервиси. Се бараат оригинални делови по ниска цена.

Патролите во туристичките населби во Грција се засилени, а полицијата советува за поголема грижа при паркирањето на колите.