Министерот за внатрешни работи на денешната прес конференција побара од ЈО по допрен глас да отвори истрага за одговорност за фактот дека поранешната УБК, а сега Агенција за национална безбедност ја задржала техничката можност за следење на комуникациите, што според него е прекршување на законите и препораките на Прибе.
Тој рече дека нема информација дали АНБ во моментов врши незаконско прислушување, но побара од Јавното обвинителство по допрен глас да истражи кој е одговорен и зошто две години не е воспоставена директна техничка комуникација меѓу Министерството за внатрешни работи и Оперативно-техничката агенција.
„Констатирано е фрапантно кршење на законите- поранешната УБК, а сега АНБ, се уште ја има задржано посредничката улога, во системот за следење на комуниукациите што во суштина значи дека сѐ уште постои техничка можност АНБ да има увид во следењето на комуникациите кои се спроведуваат за потребите на кривичните истраги спроведувани и во надлежност на МВР“, изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Чулев најави дека денеска испратил писмен акт до директорот на Оперативно-техничката агенција, а ќе испрати и информаација до Владата за како што рече монополот на АНБ за следење на комуникациите.