Франција денеска го премина прагот од десет милиони луѓе кои ја примија првата доза на вакцината за коронавирус. Тоа го изјави денеска премиерот Жан Кастекс, додека во земјата се на сила строги мерки против епидемијата, јави допписникот на МИА од Франција.
– Државата само што го премина прагот од десет милиони луѓе кои ја примија првата доза на вакцина … Тоа е многу добар ефект, луѓето се вакцинираат во Франција, нагласи Кастекс, чија цел е вакцинирање на околу десет милиони луѓе до средината на април.
Францускиот премиер рече дека 20 милиони луѓе треба да се вакцинираат до средината на мај, а 30 милиони до средината на јуни.
Во државата во моментов се хоспитализирани речиси 31.000 лица, а во одделите за интензивна нега има 5.746 пациенти.