Иран повика земјите од Персискиот Залив да ја спречат употребата на нивните територии за американски напади врз Иран, оценувајќи дека тие имаат „правна и морална одговорност“ да го направат тоа.
Министерството за надворешни работи на Иран соопшти дека сите земји од регионот треба да „спречат американската армија и Израел да ја користат нивната територија или капацитети за планирање, организирање или поддршка на непријателски акции против Иран“.
Во соопштението се предупредува дека Техеран „нема да се двоуми да го искористи правото на легитимна одбрана“, вклучително и напади врз бази и логистички објекти што се користат против Исламската Република.
фото: архива




