Српското министерството за внатрешни работи за агенцијата ФоНет потврди дека имаат дојава да во авионот на Ер Србија на релацијата Белград-Москва имало експлозивна направа, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што беше кажано, се чека авионот да слета, по што треба да следи евакуација на патниците, а потоа и сите други процедури предвидени за вакви ситуации.

Пред три дена, во петокот, исто така имаше дојава дека во авионот на Ер Србија на летот за Москва има бомба.

-Припадниците на Специјалната антитерористичка единица на МВР безбедно ги евакуираа сите патници и членови на екипажот од авионот што летал на релација Белград-Москва, а кој поради дојава дека во леталото има инсталирано експлозивна направа се вратил и принудно слетал на белградскиот аеродром, соопштија тогаш од МВР.