Пожар избувна денеска на планината Беласица од страната на Валандово, а огнената стихија се шири кон делот на планината што гравитира кон Струмица.

Според информации од ТППЕ Струмица гори над селото Дорломбос, во близина на спомен обележјето на петтемина убиени струмички студенти.

На местото на пожарот се екипи на Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица, кои го контролираат пожарот. На местото на пожарот нема пожарникари.

Попладнево струмичките пожарникари гаснеа пожар во близина на селото Водоча. Со брза интервенција пожарот е угаснат и не е дозволено да се доближи до стопански и станбени објекти.