Револтирани граѓани од Општина Аеродром денеска повторно се собраа да протестираат против изградба на зграда на зеленилото кај Мајчин дом во скопската населба Аеродром.

Претходно градоначалникот на општината Златко Марин денеска изјави дека изградбата на деветокатницата е времено стопирана поради, како што посочи, неправилости во градилиштето. Забраната важи 15 дена.

Сепак, граѓаните бараат зграда на тоа место воопшто да не биде изградена.

– Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија. Ги преземав сите можни мерки и напори, со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом. Преземам иницијатива за решавање на проблемот, во разговори со граѓаните, со инвеститорот и со град Скопје, рече Марин.