Пожар попладнево избувна во стан во стамбена зграда во Кисела Вода.

Станот се наоѓа на петти кат во зграда во скопската општина Кисела Вода, во близина на Основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“.

Густ чад се крева, а противпожарни екипи се на местото на пожарот и се обидуваат да го изгасат. Пристигнаа и возила на брза помош.

Повеќе детали подоцна.