Вработениот во скопски Комуналец кој фрлил ѓубре во реката Вардар е избркан од работа, а функционери со афери и натаму остануваат да работат во Владата и Собранието, реагираат граѓаните на денешната одлука да биде избркан од работа работникот во Комунална хигиена кој фрлил ѓубре во реката.

– Вработениот кој фрлаше ѓубре во Вардар избркан од работа. Вработените во Собрание и во Владата кои не пљачкаат секој ден и имаат разни афери остануваат на работа, гласи денешната рекација на твитерџија.

„Нема правда, нема мир“ и „Правда за сите“, беа слоганите на актуелната власт додека беше опозиција. Но, само тогаш.