Две лица загинаа, а петмина се пријавени за исчезнати, додека најмалку 150 куќи се уништени во пожари што беснеат низ источна Австралија, соопштија денеска локалните власти.

Противпожарната служба на Нов Јужен Велс потврди дека две лица загинале во пожар во близина на Глен Инес, на околу 550 километри северно од Сиднеј.

Пет лица се уште се водат како исчезнати, а премиерот Скот Морисон изјави дека постои загриженост дека бројот на жртвите би можел да биде поголем.

Морисон рече дека резервистите на австралиските вооружени сили ќе им се приклучат на итните служби во справувањето го огнената стихија.