На булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква во Скопје, денеска се запали автомобил.

Според сведоштва на очевидци, пожарот бил брзо изгаснат благодарение на брзата реакција на друг возач, кој застанал и помогнал во гаснењето.
Засега нема информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за висината на причинетата материјална штета.
Се очекуваат повеќе детали за инцидентот.




