Четворица дебитанти ќе го освежат добро познатиот список на репрезентативци на селекторот Јошко Миленкоски за престојното ЕП 2026.

Техничарот Давид Стојанов, коректорот Кристијан Илијев, средниот блокер Михајло Мирасчиев, како и либерото Филип Јованов се играчите кои за првпат ќе настапат на еден континентален собир во националниот дрес.

Имињата на останатите десетмина во составот се добро познати и во минатото исто така го носеа товарот на големите натпреварувања.

Македонија на ЕП од 9 до 16 септември ќе се соочи со домаќинот Бугарија, актуелниот европски правак Полска, Украина, Португалија и Израел во рамките од групата Б.