ФИБА ги објави четирите арени во кои ќе се одигра Светското првенство во кошарка во 2027 година.

Јубилејниот 20. издание на СП ќе се одржи во Катар од 27 август до 12 септември.

Натпреварите ќе се играат во „Ал Јануб Арена“ со капацитет од 8.200 гледачи, „Лусаил Арена“ со 15.227 места, „Ал Атија Арена“ која собира 8.600 гледачи и „Духаил Арена“ со капацитет од 5.500 места.