Зошто јавната обвинителка Вилма Русковска и дала два месеца на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да има можност да уништува докази, да го загуби телефонот и да влијае на сведоци, без да следи што прави таа, е едно од прашањата кои што поради страв засега само во кулоарите ги поставуваат научната и академската фела, пишува поратлот Експерс.
Ако Русковска знаела дека Јанева преку спикерфон била сведок на рекетот од Боки 13 за Орце Камчев зошто и таа не била ставена под ПИ мерки како што било случај со двајцата уапсени, за да се расчисти нејзината улога, е друго прашање кое јавно го поставуваат адвокати, професори и други познавачи на состојбите.
– Гледаме евтин театар во изведба на Вилма Рускоска, која на 2 мај отворила постапка со ПИ мерки против Боки и Кическиот (следење на телефони), за по 2 месеца и го одзема телефонот на Катица за вештачење. Па, што не ја стави мерки и од Катица да обезбедиш докази за неа, прашува анонимен граѓани на социјалните мрежи.
Рускоска засега нема одговори на овие прашања, пишува Експрес.