Пратеничката од СДСМ, Јулијана Николовска, најави дека како пратеничка група ќе иницираат закон за легализација на марихуаната за општа употреба.

Како што пренесува Алсат, Николовска рекла дека ова законско решение ќе го иницирале со цел сите во општеството да имаат еднаков пристап.

На прашањето зошто токму сега иницираат легализација на марихуаната по скандалот со пратеникот Богоевски, Николовска образложи дека нема поврзаност со настанот и оти на овој проект работеле со месеци во соработка со неколку амбасади и со Здужението „Билка“.