Коалиционите партнерки и пратенички од СДСМ, Даниела Николова и Љубица Спасова застанаа во одбрана на претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбр Адеми кој вчера фрлаше со шишиња, шолји, тацни и други предмети врз пратеници од опозицијата.
Споменатите пратенички од СДСМ преку социјалните медиуми му дадоа поддршка, обвинувајќи дека „ВМРО-ДПМНЕ го направило инцидентот“.
-На Комисијата за европски прашања пратениците од ВМРО-ДПМНЕ цел ден се обидуваа и на крај направија инцидент, пишува Николова на Фејсбук.
Спасова, пак, Адеми го оцени како најдобар претседател на оваа Комисија.
-На Комисијата за европски прашања пратениците од ВМРО-ДПМНЕ цел ден се обидуваа и на крај направија инцидент. Пратениците се најповикани да ги почитуваат законите, но пратениците од ВМРО-ДПМНЕ цел ден го кршат Деловникот и на крај му се нафрлија и го нападнаа Адеми со пцости, вулгарности и физички контакт, пишува Спасова.
Во сенка на инцидентот мина суштината на вчерашното работење во Собранието за злоупотреба на европското знаменце од страна на власта за носење закони кои се во нивни прилог, а не во прилог на интересите на граѓаните.
А јавноста имаше можност да види кој го направи инцидентот, кој дивееше и фрлаше предмети по опозициските пратеници. Едно од видеата за инцидентот што ги објавивме може да го отворите ТУКА.