Собранието денеска ќе одржи десет седници – 117, 41, 66, 91, 95, 99, 100, 111, 112 и 115.
Во рамки на 117. седница пратениците ќе дискутираат за Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државата и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението. Оваа точка е на дневен ред и на собраниската Комисија за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија.
На дневен ред на оваа седница се и Предлогот за избор на претседател и комисионери (членови) на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Предлогот за именување на член на Регулаторна комисија за домување, Предлогот за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, Предлог одлука за објавување јавен конкурс за избор на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија, Предлог законот за изменување на Законот за финансиска дисциплина, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди – прво читање, Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик,…
На дневен ред на 41. седница се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Предлог на законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, двата во прво читање.
Предлог на законот за изменување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, по скратена постапка е единствената точка на дневен ред на 66. седница.
На дневен ред на 91. седница се неколку точки: Предлог на законот за ратификација на Договорот за соработка помеѓу земјите од Западен Балкан од областа на меѓусебното признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции, Предлог на закон за ратификација на Договорот за соработка во заштита од катастрофи во Западен Балкан, Предлог на законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на Министри на Република Албанија, Советот на Министри на Босна и Херцеговина, Владата на Црна Гора, Владата на Република Србија и Владата на Република Словенија во врска со аранжманите на земјата домаќин за статусот на Постојаната организација на Балкански медицински наменски сили и нејзиниот персонал, Предлог на законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово за соработка во областа на дијаспората, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка, Информацијата за состојбите со Охридскиот регион,…
На дневен ред на 95. седница се Предлог на законот за ратификација на договорот меѓу Европската унија и Република Северна Македонија за учество во „Царините“ Програма на Унијата за соработка во областа на царините, Предлог на законот за ратификација на Протоколот за изменување и дополнување на Договорот помеѓу Страните на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа за автоматизирана размена на ДНК податоци, дактилоскопски податоци и податоци за регистрација на возила, Предлог на законот за ратификација на Договорот за соработка во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан, Посебниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања – Локални избори за избор на градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, градоначалник на Центар Жупа и Совет на Општина Тетово во 2022 година,…
Пратениците на 99. седница ќе дискутираат за Предлог одлуката за давање согласност на Годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2023 година, Предлог одлуката за давање на согласност на Финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2023 година, Граѓанската иницијатива за рапишување на референдум за донесување на закон за поништување на Законот за преобразба на Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија“ број 19/2004).
На дневен ред на 100. седница се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за административните такси, по скратена постапка; Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по договорот за заем за финансирање на Проектот „Изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце – Крива Паланка – источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 2“, по скратена постапка.
На дневен ред на 111. седница, меѓу другото се Предлог законот за ратификација на Договорот за соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија за враќање на незаконски изнесени икони во земјата на потекло, Предлог законот за ратификација на Меѓународната спогодба за размена на податоци за проверка на изјави за имотна состојба, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, Предлог законот за воздухопловство, Предлог законот за Агенција за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2021 година и Годишниот извештај на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2022 година.
Пратениците во рамки на 115. седница ќе расправаат за Предлог законот за ратификација на Договорот за правниот статус на мисиите и претставниците на трети држави при Организацијата на Северноатлантскиот договор, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, Предлог законот за изменување на Законот за Oперативно – техничка агенција, Предлог законот за академија за судии и јавни обвинители, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование, Информацијата за состојбата во Судскиот Совет па Република Северна Македонија и годишните извештаи на неколку државни институции за 2022 година.