Новинарот Бранко Тричковски во скандалозна колумна објавена на најбрутален начин повикува за убиство на претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов.

-Луѓето имаат природно право да се качат на Водно и да го обесат на првиот лустер. Да го наденат на некое александриско копје и да го фиксираат во мозаикот на Чемерски. Покрај глупавите здрвености на неговите гардисти. Да го мумифицираат во позата на Лудакот од Паљурци. Да го наредат покрај некоја тараба како мало смешно Чаусешче и да го стрелаат, вели Тричковски во својата грозоморна колумна која предизвика рекации на социјалните мрежи.

Инаку, пред два дена пратеник на грчката неонацистичка „Златна зора“, кој има имунитет, за повик да се изврши воен удар во државата, заради договорот за името, во експресна постапка му беше одземен имунитетот. Како што јавува МИА, полицијата го бара да го уапси, а тој е во бегство.

Кај нив законот се спроведува, а кај нас?