Договорите меѓу Македонија и Бугарија и Македонија и Грција се многу важни и сметам дека новиот со Грција нема да се одрази на нашиот, рече министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева.

Таа смета дека новиот договор нема да се одрази на договорот што го имаат потпишано Македонија и Бугарија.

Според неа ништо не може да противречи на веќе потпишани пред тоа двострани договори и Бугарија ја дава целата поддршка и прави се што е возможно на крајот на месецот, на самитот на Европскиот совет на 26 и потоа на 29 и 30. јуни, Македонија да започне преговори за членство во Европската унија.

Захариева, вчера престојуваше во посета на градинката „Сонце“ во струмичко Ново Село, каде бугарската влада донираше пет компјутери.