Овој месец ни престои уште еден голем верски празник и неработен ден за православните христијани.

Идната среда на 28 август е Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, а тој ден е неработен за православните верници во Република Македонија.

Тој е последен празник во август, а следен неработен ден е 8. Септември, Ден на независноста. Бидејќи се паѓа во недела според законот за празници, неработен ден ќе биде 9 септември односно во понеделник.

Во октомври има уште еден празник 11 Октомври, Денот на народното востание, а се паѓа во петок.