Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Фондацијата ЕКАЈ денеска со почеток во 11 часот во Скопје ќе одржи Регионална конференција на тема „Како до подобра заштита на малцинствата од дискриминација“ по повод 21 Декември, празник на Турците во Република Македонија.

На конференцијата воведни излагања ќе имаат Исмаил Камбери, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Муртеза Сулооџа Директор од Фондација ЕКАЈ.

Говорници на конференцијата ќе бидат Лимко Бејзароски, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Ибрахим Арслан, поранешен заменик народен правобранител на Република Косово.