Барселона се присети на значаен настан во историјата на клубот и светскиот фудбал. Пред 14 години, на 16-ти октомври 2004 година, 17-годишниот Аргентинец, Лионел Меси, го имаше своето деби во првиот тим на каталонскиот клуб, објавено е на клупскиот сајт на Каталонците.

Оттогаш па се до денес Меси целата своја професионална кариера ја помина во Барселона.

Со каталонскиот клуб освои девет шампионати на Шпанија, шест Куп трофеи, осум шпански Супер купа, четири титули во Лигата на шампионите, три УЕФА Супер купа и три клупски светски шампионати.

Покрај тоа, Меси има пет „Златни топки“ и четири „Златни копачки“.