Првиот светски рекет Рафаел Надал, рече дека е фер да се каже дека Роџер Федерер е најдобар тенисер во историјата.

Сепак, Надал додаде дека тој не го гледал Род Лејвер.

– Јас сум сто проценти сигурен дека ова е вистина. На другите играчи ќе им биде тешко да ги достигнат неговите резултати. Исто така сметам дека не треба да се анализираат само настапите на Грен слем турнирите. Во тенисот има многу други работи. Се разбира, Роџер постигна неверојатни резултати и во другите натпреварувања, потенцира Надал.

Никогаш не сум ја видел играта на Род Лејвер, иако ја знам неговата приказна. Единствен тенисер е кој два пати ги освоил сите четири Грен слем турнири во иста година. Затоа, ако треба да правите споредба за најдобриот играч во историјата, тогаш не треба да не споредувате мене и Роџер, туку Род Лејвер и Роџер, додава шпанскиот тенисер.

Лејвер е Австралијанец кој седум години по ред, од 1964 до 1970 беше прв на АТП листата.