Досегашниот директор на ЈП Градски паркинг – Скопје, Бојан Христовски, непосредно пред да поднесе оставка, ги зголеми платите на сите вработени како поддршка во време на економската криза и зголемените трошоци за живот.

– На денешната седница Управниот одбор на ЈП Градски Паркинг – Скопје, донесе одлука за линеарно зголемување на платата во износ од 2 992 денари, а одлуката ќе почне да се применува започнувајќи од 01.10.2022 година.
Оваа одлка е донесена по инцијатива на директорот Бојан Христовски и е усогласена со Синдикатот на претпријатието во текот на предходната седмица.
Од оваа одлука бенефит ќе имаат 280 вработени во претпријатието и е од значајна поддршка во време на досега најголемата економска криза и во услови на пораст на трошоците за живот. На овој начин вработените ќе можат полесно да се соочат со предизвиците пред претстојниот тежок период за сите граѓани.
Пред се сакаме да искажеме голема благодарност за грижата за вработените во ЈП Градски Паркинг до директорот Бојан Христовски за неговото несебично залагање за правата на вработените и за неговата донесена одлука пред напуштањето на функцијата директор.