Пред бугарскиот конзулат во Битола редици македонски граѓани чекаат во ред за поднесување документи за добивање бугарски пасоши.

Како што објави Нова Македонија, секојдневно стотици македонски граѓани поднесуваат барања, а ниту пандемијата не ги спречува да дојдат освен од Битола и од Прилеп, Кавадарци, Охрид, Кичево, Штип…

Најголемиот број од соговорниците со кои разговаравме велат дека во ситуација кога не гледаат перспектива тука, немаат друг излез освен да ја напуштат Македонија и својата егзистенција да ја бараат во некоја од европските земји. А сметаат дека тоа најбрзо ќе го постигнат доколку извадат бугарски пасоши.

Извор: Нова Македонија